Ви го претставуваме нашиот прв универзален чистач – Perfect.
Создаден врз основа на долгогодишно искуство во детајлингот овој производ е резултат на внимателно истражување и тестирање за постигнување совршена формула.
Perfect ги исполнува сите критериуми на професионалците: има моќно дејство на чистење, идеална вискозност, мат финиш, и тоа по прифатлива цена.
Ќе го засакаете на првото прскање – само со еден потег на крпата ќе забележите видлива разлика.
Средството продира длабоко во површината, отстранува маснотии, прашина, нечистотија и непријатни мириси.
Може да се користи или раствори во распрскувачите: Titanium Mix Boca или Titanium Mix Boca Pro.
Примена
Одличен е за табла, тапацир, теписи, пластика, небо, седишта, врати, прагови, кедери, моторен простор и буквално сè што ќе ви падне на ум.
Може да се користи и за чистење скутери, мотори, бродови, домашен и канцелариски мебел.
Разредување
Perfect е концентрат и може да се разредува во зависност од степенот на нечистотија:
- 10% раствор (1:10) → 100 ml средство + 900 ml вода – за редовно чистење
- 25% раствор (1:4) → 250 ml средство + 750 ml вода – за посилно извалкани површини
- 5% раствор (1:20) → 50 ml средство + 950 ml вода – за лесно запрашени површини
👉 Препорака: користете дестилирана вода како база за разредување.
Начин на употреба
- За цврсти површини (табла, пластика и сл.):
Напрскајте адекватно разреден раствор директно на површината, почекајте 30 секунди и пребришете со сува микрофибер крпа.
По потреба користете мека четка за подобро разградување на нечистотијата. - За небо и осетливи тапацирани површини:
Напрскајте го растворот на сува микрофибер крпа и нежно пребришете.
Ако е потребно, користете малку повеќе средство или посилен раствор. - За длабинско чистење на седишта и теписи:
Напрскајте директно адекватно разреден раствор, оставете 1–2 минути, исчеткајте со мека четка и усисајте со мокар усисивач.
Нема потреба од дополнително испирање со вода.
Perfect – универзален чистач кој навистина го оправдува своето име


























Super
5
Одличен препарат
🔝
perfekten APC cleaner posebno za plastiki za vnestresnosta na avtomobilot,