Време е вашиот миленик да заблеска!
Со нашиот ЖИВОТ СО ПЕТКА SHINE сет, вашиот автомобил ќе добие беспрекорен сјај и пријатен мирис. Како?
Со 5 феноменални производи кои совршено го разубавуваат автомобилот, и однадвор и одвнатре!
1) MARBELLA
Откријте го совршениот баланс на елеганција и свежина со парфемот за автомобил Titanium Marbella, кој внесува софистицирана атмосфера во секој момент од возењето. Неговата уникатна комбинација од слатка ванила и сочна кајсија создава топол и привлечен мирис што освојува секого. Ванилата носи нежна, кремаста нота на удобност, додека кајсијата внесува овошна свежина и енергија, претворајќи го секое патување во незаборавно искуство.
Ноти на парфемот: Ванила – кајсија
2) Titanium Black Gold
Titanium Black Gold претставува софистицирано решение за нега и ревитализација на пластични површини, формулирано да ја врати оригиналната длабочина на бојата и да постигне ефект на нова пластика. Неговата напредна формула е збогатена со внимателно одбрани компоненти кои обезбедуваат совршен баланс помеѓу естетиката и долготрајната заштита.
Покрај врвниот естетски резултат, Titanium Black Gold обезбедува и напредна заштита:
- UV заштита – го продолжува животниот век на пластиката и спречува деградација
- Хидрофобен ефект – ја одбива водата и го олеснува одржувањето
- Намалено задржување на прашина – површините остануваат почисти и подолго уредни
Идеален е за сите пластични површини во ентериерот, од контролната табла и вратите до моторниот простор.
3) Titanium Pit Stop
Titanium Pit Stop е премаз за гуми. Формулиран на база на полидиметилсилоксан, обезбедува високи перформанси во заштитата и совршен изглед на гумите.
По миењето на фелните со Felina, за финален допир и совршен изглед на вашите гуми, потребен ви е Pit Stop.
Неговата хидрофобна формулација ги одбива нечистотиите и обезбедува подолготраен ефект на чистота. Освен прекрасниот изглед, Pit Stop нуди и заштита од пукање и побелување, ја враќа длабоката црна боја и дава елегантен мат или сјаен „wet look“ ефект.
4) Titanium Summer
Titanium Summer летната течност за ветробрански стакла комбинира моќни состојки кои ефикасно ги отстрануваат инсектите, прашината, маснотиите и останатите нечистотии од ветробранското стакло без да ги оштетат бришачите или стаклената површина.
Формулирана со активни компоненти од новата генерација, оваа течност овозможува темелно чистење без траги и совршено ги подмачкува метлиците на бришачите.
- Не остава траги и отсјај
- Безбедна е за лак, пластика и гума
- Со неутрален мирис
- Подготвена за употреба (Ready to use)
Идеална е за летните месеци, кога на стаклото се таложат повеќе инсекти и прашина.
5) Апликатори
Апликаторите се неопходни доколку користите Nappa крема за кожа, Pit Stop премаз, Black Matt, Black Gold, како и други восоци, дресинзи и заштитни премази.
Во пакувањето има две парчиња. Тие се со триаголна форма и лесно допираат до тешко достапни површини.
Нека вашиот автомобил заблеска со полн сјај, а вие уживајте во удобно возење исполнето со пријатен мирис!
























